Чомски нагласил дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни за опасностите од натамошна ескалација на конфликтот, и истакнал дека се надева дека ќе биде пронајден начин за намалување на тензиите. „Не се знае ни дали ЕУ ќе опстане, а резултатот од моменталниот конфликт меѓу Русија и Западот е предвидлив. Судбината на Балканот ќе зависи токму од развојот на овие неизвесни настани“, изјавил Чомски во интервју за јубилејното издание на весникот НИН.
Потенцирал дека ЕУ се наоѓа во опасност, но и дека „европскиот проект има и одредени доблести, благодарение на кои можеби ќе може да се надмине моменталната криза“.
Според него, неолибералната политика на штедење за време на рецесијата, која ја спроведуваат Германија и финансиските институции, има катастрофални резултати, посебно во помалку развиените земји.
Заради тоа, не е изненадувачки фактот што многу граѓани губат доверба во главните политички партии и во самата Европска Унија. Зборувајќи за американската војна против ИСИС, Чомски оценил дека политиката на Вашингтон кон екстремистичката група е некоректна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.