Тимот на македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, Алба Берлин во рамките од четврото коло од топ-16 фазата по групи во Евролигата славеше значајна победа во Истанбул против Галатасарај од 75-65.
Алба Берлин, кои многумина ја оценија како најслаб тим во групата Е, направи две големи изненадувања досега, победувајќи во првото коло против фаворизираната Барселона и вчера на жешкиот терен во Истанбул и си ги зголеми шансите за едно од првите четири места кое води во четвртфиналето.
Првите две четвртини беа крајно изедначени, Галатасарај замина на полувреме со два поена предност (33-31), додека клучната разлика Алба успеа да ја направи во третиот период кога го презема водството и љубоморно го чуваше до крајот на мечот.
Војдан Стојановски одигра солидна вечер постигнувајќи осум поени, пет скока и три асистенции. Клучна беше неговата улога во третата четвртина кога Алба практично го доби натпреварот.
Зоран Ерцег од редовите на Галатасарај беше најефикасен на паркетот со 19 поени, но тоа не беше доволно за нова победа.
Двете се на делба на третото место заедно со Панатенаикос со резултат од две победи и два пораза.
Во другите три натпревари беа постигнати следниве резултати:
ЦСКА Москва – Уникаха 101-74, Армани Милано – Фенербахче 71-82, Реал Мадрид – Панатенаикос 83-65.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Страшна глетка: Напаѓачот на Галатасарај колабираше на теренот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)