| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскопски знаци и диета

Дали треба да вложите повеќе или помалку напор кога сакате да симнете некој килограм, може да зависи и од хороскопот. Дознајте дали сте меѓу тие кои што можат како од шега да симнат килограми или треба малку да се помачите.

hitportal-dieta

Овен

Припадниците на овој знак на диета почнуваат со многу елан, но доколку вагата не ги покаже брзо саканите резултати, подготвени се да се откажат. Сакаат да се изгладнуваат, но така само доажаат до јо-јо ефект. Најдобро е во исхраната да вметнат малку меѓуоброци на кои инакку не се склони, а посебно ќе им грејпфрут или зелен чај. Со оглед на тоа дека сакаат слатки, не треба да се откажуваат од нив за да не бидат нервозни, но треба да се фокусираат на здрави слатки.

Бик

Припадниците на овој знак им треба време за да се одлучат да почнат со диета. Сепак откако ќе соберат доволно волја, тогаш е упорни, така што слабеат полека, но сигурно. Им се препорачува да консумираат повеќе јаболки како и посилни зачини како што се кари и чили, кои што ќе го забрзаат нивниот успорен метаболизам. Житарките се одличен избор за појадок, како  јогурт, а слатките не им се препорачуваат на Биковите.

Близнаци

Близнаците се во состојба ништо да не јадат цел ден, но навечер да јадат три часа без пауза. Тие како и Овенот би требало да практикуваат ужинки, а кафето да го заменат со чај. Многу е важно да јадат варива, тие ќе ги заштитат.

Рак

Припадниците на овој знак обично сакаат и да готват и да јадат, па диетата тешко им паѓа. Склони се на брза храна на која што треба да заборават. Хронично им недостасуваат витамини во организмот, а тоа треба да го надокнадат со овошје, особено со јаболки, мандарини и портокали. Белиот леб не им одговара, но веќе по неколку денови на диета ќе се привикнат со дека е многу важно да ги издржат првите денови, особено за време на стресот како храната им служи како утеха.

Лав

Лавот сака добра храна и пијалоци, но ретко имаат проблем со килограмите затоа што знаат да се контролираат. Тие знаат дека на нив се „се лепи“. Тие се еден од знаците со добар метаболизам, па доволно е само повеќе да вметнат физичка активност во својот живот. Им се советува повеќе да внесуваат ореви, лешници и слично.

Девица

Девиците се многу дисциплинирани и доколку ги предизвиката да ослабат, верувајте тие тоа ќе го сторат многу брзо, па дури и ако треба да гладуваат. Особено им сметаа месните преработни, но им годи готвена храна. Повеќе прошетки нема да им бидат на одмет.

Вага

Припадниците на овој знак се единствени од оние на кои диетата им претставува пекол. Не сакаат ограничувања, тестирање на каратер или гладување. Така на диетата гледаат да потклекнат уште првиот ден, а најпаметно што можат да направат е со пријателите да почнат со вежбање, затоа што тие ги тераат на акција. Во своето мени треба да вметнат повеќе јогурт, риба, спанаќ и супи.

Шкорпија

Шкорпиите ретко почнуваат со диета, но доколку ја почнат, тогаш се дисциплинирани. Обично се многу посветени на својата работа и на различни задачи, па ги прескокнуваат оброците во првиот дел од денот, а тоа им е најголема грешка. Доколку се одлучат за диета, неизбежен е обилниот појадок, а за останатите оброци би требало да консумираат поголеми количини на зеленчук како што се целер, брокула и жиратици. Како би ја смириле гладта, посното сирење е одличен избор.

Стрелец

Стрелците се единствени кои мора да се помачат за да ослабат. Тие тешко може да одолеат на слатките и грицките. За диетата да биде успешна, важно е да внесуваат повеќе витамин Ц, лук и салати. Тешко ќе симнат килограми доколку не вежбаат, затоа што нивните одрекувања се минимални за тоа да се одрази на килограмите.

Јарец

Овој знак е сличен до Девицата. Тие се многу дисциплинирани. Тие самите си го одредуваат периодот во кој ќе се „отпуштат“ и малку ќе се здебелат, како и периодот на слабеење. Ним прашањето за идеална тежина е прашање на здравјето, а најдобро е во исхраната да внесат повеќе супи од зеленчук, туна и свеж зеленчук. Можат да си дозволат себеси и нешто благо, но повремено, на пример еднаш неделно. Најголем непријател им се тестенините и калоричните сосови.

Водолија

Водолиите немаат проблем со диетата, но има правило во исхраната на кое треба да се придржуваат. Не сакаат планирање, купување на намирници и комбинирање на јадења, а најважно е во одбрањето храна, исфрлаат се тоа што содржи многу калории, затоа што на тој начин ќе најдат во искушение да посегнат. Тоа посебно се однесува на чипсовите и алкохолот, затоа што уживаат во нив.

Риби

Рибите се склони на прејадување и гоење, а најдобар начин за започнат со диета, за нив е детокцијација со чаеви, зеленчук и овошје. По седум дена чистење на организмот и исфрлување на насобраните отрови, пожелно е постепено во мали количества да воведат јаглехидрати кои најмногу ги здебелуваат. Диетата им е тешка, но најлесно им е кога некој им прави друштво и им дава поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top