Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Крушево ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.
На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, ќе се обратат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Стефано Лазарото, соопшти денеска Кабинетот на претседателот Иванов.
Оттамму посочуваат дека согласно воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава, дипломатите ќе имаат можност да се запознаат со економските и културните карактеристики на општина Крушево.
Според програмата утре во претпладневните часови е предвидено да се одржи презентација за Крушево, од страна на градоначалникот на општината Ѓорги Дамчевски, како и презентација на проектот „Македоника“ на Фондацијата за негување на македонското културно наследство Македоника.
Македонскиот претседател и членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија ќе ја посетат Спомен куќата на Тоше Проески, Споменикот „Илинден“ и Галеријата „Никола Мартиновски“.
Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за членовите на дипломатскиот кор во 2014 година беше приреден во Гевгелија, во 2013 година во Берово, додека во 2012 година во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Параглајдерист тешко повреден кај Крушево


