| четврток, 6 декември 2018 |

Истекува рокот за плаќање откуп за киднапираните Јапонци

заложници

Рокот за плаќање откуп за двајцата киднапирани Јапонци од страна на џихадисти на Исламска држава истекува денеска.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе го свика Националниот совет за безбедност со цел да се разгледа решение за ситуацијата.

Исламски екстремисти од групата ИД во вторникот објавија видеоснимка во која на јапонската влада ѝ поставија рок од 72 часа да плати откуп за двајца киднапирани Јапонци или, во спротивно, ќе бидат убиени.

– Времето истекува. Ја молам јапонската влада да го спаси животот на мојот син – апелираше мајката на 47-годишниот новинар Кенџи Готу. Џихадистите бараат откуп од 200 милиони долари за двајца Јапонци Готу и Харун Јукава.

Портпаролот на јапонската влада Јошихида Суга денеска повторно изјави дека Јапонија се обидува на сите начини да дојде до киднапираните Јапонци, како и дека политиката на Токио за доставување хуманитарна помош на раселените во конфликтот на Блискиот Исток нема да биде променета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top