Актерката Линдзи Лохан се наоѓа во кралската болница „Крал Едвард VII“, каде се лекуваат членовите на кралското семејство. Истражувањата покажаа дека ѕвездата се заразила со опасен тропски вирус, кој многу тешко се лекува. Линдзи се заразила со тропската болест за време на празниците, кога била на одмор на Бора Бора. Таа уште околу Божик се пожалила на здравствени проблеми, но подоцна работите се искомплирале. Хроничниот замор, несоницата и гадењето, кои наводно биле од грипот, станале толку сериозни што ѕвездата веќе не можела да оди.
Линдзи е итно хоспитализирана во клиника во Лондон, со висока температура, болки во зглобовите, мачнини и исцрпеност.
Нејзината мајка Дина, исто така патува од САД за Англија. Лекарите не знаат кога ќе успеат да ја кренат на нозе актерката и споделуваат дека нејзините маки, додека да се опорави, може да траат со месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.