Во интервју за италијанската агенција „Нова“, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, по повод изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар – Китановиќ, рекол дека таа треба да води сметка за тоа што го зборува и прави затоа што веќе не е опозиција, пишува „Б92“.
Понекогаш политичарите во изборна кампања зборуваат нешто затоа што не се сигурни дали ќе бидат избрани. Но, проблемите настануваат потоа, затоа што мораат да го исполнат тоа што го ветиле и затоа што мораат повеќе да водат сметка за тоа што го предизвикуваат, изјавил министерот за надворешни работи на Србија.
Дачиќ додал дека Колинда Грабер – Китаровиќ Војводина ја ставала во контекст на изборна кампања и истакнал да „не очекува дека нашите односи со Хрватска ќе станат покомплицирани и посложени од тоа што се сега“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.