Хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави денеска во Загреб дека уредувањето на границата со Црна Гора може да се реши пред меѓународен суд.
– Што се однесува до границата, веројатно ќе се решава пред меѓународен суд, истакна Пусиќ на владина седница.
Таа додаде дека со Подгорица се разговара и за експлоатирање на јаглероводород од Јадранско Море, прашање кое е поврзано со одредување на границата.
Политичкиот директор во црногорското МНР, Владимир Радуловиќ претходно истакна дека Црна Гора и Хрватска веќе ги усогласиле документите за статусот на Превлака, како и дека преговорите воочи заминувањето пред Меѓународниот суд на правдата се во завршна фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.