Советот на општина Кавадарци донесе неколку предлог мерки со кои треба да се намали загадувањето во градот Кавадарци.
– Јавното комунално претпријатие два пати неделно да ги мие сите градски улици, да се преговара со Фени индустри времено да ги пренасочи тешките возила по заобиколен пат и на видео бим на општинската зграда да се објавуваат параметрите за квалитетот на амбиенталниот воздух, граѓаните само во неопходни случаи да користат возила и да не користат јаглен за загревање се додека тој претставува ризик за загадување, ова се усвоените предлог мерки кои се донесени во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Градот Кавадарци во декември и особено јануари се најде на листата на градови со зголемено загадување заедно со уште неколку други општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.