Вулканската ерупција што изминатиов месец се случи во реонот на островската држава Тонга во Тихиот Океан, резултираше со создавање нов остров. Новиот остров, што се наоѓа на 65 километри од главниот град на Тонга, Нукуалофа, настана по едномесечната ерупција на вулканот.
Островот е долг 1,8 километра, широк 1,5 километра и висок речиси сто метри.
Вулканологот Нико Фурниер изјави дека островот се состои од комбинација на карпи и на вулканска лава.
– Возбудливо е да се гледа раѓањето на еден остров. Визуелно, глетката беше спектакуларна. Раѓањето на островот не беше придружено со никаков звук или некакав експлозија -додава Фурниер.
Сепак, тој смета дека овој остров ќе биде со кус век, односно дека неколку месеци по завршувањето на ерупцијата, тој ќе биде „проголтан“ од океанот. – За да опстане, потребно е островот да биде создаден од многу поголемо количество лава – оценува Фурниер.
Новиот остров сè уште нема име, а во согласност со традицијата и правилата на Тонга, него може да го именува само кралот на оваа островска држава во западниот дел на Полинезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст