| четврток, 6 декември 2018 |

Куба и САД се скараа околу имиграциските прашања

куба2

Делегациите на Куба и на САД се судрија околу американската имиграциска политика кон кубанските бегалци, на првиот ден од официјалните разговори меѓу двете соседни земји што се одржуваат во Хавана, првпат на виско дипломатско ниво по 38 години.

Судирот настанал откако американската делегација соопштила дека САД ќе продолжат да им даваат дозволи за престој и визи на Кубанците кои имигрираат од својата земја, додека делегацијата на Куба ја критикувала таквата американскаа политика како контрапродуктивна.

Официјална Хавана смета дека таквата политика уште повеќе ќе ја потикне илегалната имиграција и ќе го охрабри шверцот на луѓе и опасното патување преку Флоридскиот Проток во импровизирани пловни објекти.

Шефот на кубанската делегација Јозефина Видал изјави дека ваквата американска имграциска политика ѝ создава проблеми на Кува затоа што ги одвлекува кубанските лекари и медицински сестри, кои сега се надвор од земјата да имигрираат во САД затоа што знаат дека веднаш ќе добијат азил.

Кубанските власти сметаат дека таквата политика е спротивна на билатералната спогодба за „уредена и право регулирана имиграција“.

САД секоја година издаваат по 20 илјади визи за Кубанци, а во 2014 година, други 25 илјади пристигнале од трети земји без виза, на кои им било дозволено да останат.

Станува збор за политиката која во САД се нарекува „влажни чекори-суви чекори“, со која,Американците ги враќаат во Куба сите бегалци што ќе ги фатат на море, а ги прифаќаат оние кои ќе пристигнат на американско тло. Лани американската крајбрежна стража запрела и вратила назад 3.722 кубански имигранти, што е два пати повеќе отколку во 2012 година.

И покрај острите несогласувања околу имиграцијата, двете страни изразија задоволство од атмосферата на меѓусебно почитување во која се одвиваат овие американско-кубански разговори.

Втората рунда од разговорите, што се одржува денеска, е посветена на обновата на дипломатските односи, како и на евентуалното постигнување договор за воспоставување бизнис и туристички врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top