| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Карачиќ, конечно, ќе гледа ракомет на еден телевизор

Случајот на семејството Карачиќ е мошне специфичен и интересен, а во светот на ракометот веројатно и уникатен. Двајца родени браќа, Игор и Иван, играат за две различни репрезентации во Катар на СП. Родителите велат дека во Раштан крај Мостар конечно ќе гледаат меч на мундијалот на еден телевизор. Кога во ист термин играа Хрватска и БиХ, семејството Карачиќ гледа преноси во живо во својот дом паралелно на два телевизора.

kara

Утре од 17 часот за нив доаѓа долгоочекуваниот момент. Во Доха ќе играат Хрватска на Игор Карачиќ против БиХ на Иван Карачиќ, во дуел од петтото коло во групата Б што ќе се игра утре од 17 часот.

– Нека победи подобриот, а ако може, нека биде нерешено. Нам ни е најважно да нема повреди – вели таткото Анте.

Засега многу подобро му оди на вардаровиот адут Игор Карачиќ, кој настапува за Хрватска и има 4 победи за сигурно прво место во групата Б. Иван се надева на сензација утре и победа на БиХ, откако одлучи да го прифати повикот на селекторот на „змејовите“, Драган Марковиќ, и да игра за БиХ. Ним им одговара само победа против Хрватска и се надеваат на триумф на Иран против Тунис за да играат во осминафиналето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top