| четврток, 6 декември 2018 |

Почина проф. д-р Јован Тофоски

jovan tofoski

По долго и тешко боледување завчера во Скопје почина професор д-р Јован Тофоски, претседател на Македонското лекарско друшто. Погребот е извршен вчера во кругот на семејството.

Проф. д-р Јован Тофоски е роден 1940 година. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршил во 1965 година, како најдобар студент од основањето на Медицинскиот факултет во Скопје.
По првото вработување во Институтот на медицина на трудот „Рудници и Железарница-Скопје“, од 1970 година работи во Гиниколошко-акушерската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што ја завршил и специјализацијата.

Извесен период бил и директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Докторирал во 1985 година, а во 1997 година е избран за редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Проф. д-р Јован Тофоски беше автор или коавтор на над 130 стручно-научни трудови.
Тој ја извршуваше и функцијата претседател на Црвениот крст на поранешна Југославија и експерт на Светската здравствена организација од областа на репродуктивното здравје.
Проф. д-р Тофоски беше министер за здравство во втората Влада по осамостојувањето на Република Македонија. Носител е на повеќе признанија, како и на највисокото на Македонско лекарско друштво – повелбата „Трифун Пановски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top