Хрватска игра добро на турнирот во Катар и по триумфот против Македонија го обезбеди првото место во групата Б на мундијалот, но и тоа не е доволно за да сопрат кавгите на релација медиуми од едната страна и ракометари и стручен штаб на другата страна.
По вчерашната победа, најдобриот поединец на мечот, Иван Чупиќ, распука по критичарите на прес-конференцијата.
– Ги молам сите експерти во Хрватска да нѐ остават малку на раат. Читам како се пишува дека Македонците играат со срце и даваат сѐ од себе на теренот, и посочуваат дека ние веројатно тоа не го правиме. Хрватските ракометари се среќни што го носат националниот дрес овде во Катар и оваа шанса ја користам да ги демантирам сите што мислат поинаку. Горди сме што играме за Хрватска – изјави Чупиќ.
Критики имаше и од дел од поранешните репрезентативци, а најгласен е Ивано Балиќ, кој е ангажиран како кокоментатор на хрватската телевизија РТЛ. Тој изјави дека овој состав на Хрватска има лимитирани можности и тешко ќе стигне до медал.
Денеска Чупиќ повторно беше на средба со новинарите, а и двете страни се обидоа да ја смират тензијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



