
Околу 140 мини, 1.700 екплозивни средства и 40 илјади парчиња муниција се пронајдени по катастрофалните поплави, што ја погодија Босна и Херцеговина во мај минатата година, пишува весникот „Независне новине“.
Водата преместила непознат број експлозивни средства во 33 населни места на територија од 106 квадратни метри, покажуваат податоцвите на Центарот за отстранување на мините во БиХ.
Водната стихија носела цели мински полиња и стручњаците се плашат дека мините се разнесени покрај бреговите на реките, на земјоделски површини и во речните корита.
Во Сараево вчера се одржа семинар, на кој беа претставени резултатите од откривањето на минските полиња и местата, за кои постои сомнеж дека има мини и кои беа погодени од поплавите и лизгањето на земјиштето.
Снимките направени од воздух ќе помогнат да се одреди каде и колку мински полиња се преместени.
Поради новите врнежи во БиХ, се очекува активирање на лизгарите, кои се појавија по минатогодишните поплави во мај, како и појава на нови во целата земја.
– Можно е да се активираат три илјади регистрирани лизгари – предупреди Хамзи Хартовиќ, директорот на Федералниот институт за геологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


