И денеска најголемиот дел од училиштата работат. Спротивно, пак, на информациите од СОНК, во дел од училишта во кои не се работеше, се откажуваат од таканаречениот генерален штрајк. Во редовна рабопта влегоа и тие наставници во училиштата делумно се спроведуваше штрајкот.
Целосно е прекинат штрајкот во девет училишта: ОУ„Петар Здравковски“ во Бутел, ОУ „Гоце Делчев“ во Василево, ОУ „Перпарими“ во Тетово, ОУ „Симче Настевски“ во Јегуновце, ОУ „Јане Сандански“ во Битола, СОУ „Коле Неделковски“ во Велес, СОУ „Гостивар“, гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје и во средното училиште „Цветан Димов“ во Скопје.
Штрајк и денеска има само во општините каде што локалните власти се во рацете на опозицијата, во Струмица и во Куманово.
Тоа што малкумина го знаат, меѓу нив и членови на СОНК, е дека во согласност со членот 54 од Колективниот договор за основното образование во Република Македонија и член 51 од Колективниот договор за средното образование во Република Македонија, доколку има штрајк, кој не е заради кршење на правата, туку е обременет со нереални барања за повисоки права, подразбира дека СОНК треба да ги исплати штрајкувачите.
Пренесено во актуелната ситуација значи дека, со оглед на тоа што СОНК не протестира заради кршење и намалување на работничките права, туку бара повисоки права за наставниците, некои од нив, нереални – како што е зголемувањето на нивните плати за 25 проценти итно и без одложување, подразбира дека СОНК ќе треба да им исплати плати на тие наставници што штрајкуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


