Значи ви се обраќам на кирилица за да ме разберете поубаво, да не биде не разбравме ние ништо. А и другите кои демек се прават дека не разбираат и од старт ќе тргнат да ме оцрнат зошто сум напишал на македонски, сетете се колку убаво зборите македонски на вашите тендерски состаноци и како знаете да напишете 15000 амандмани на македонски, додека го палите народот да се бори за нешто за што одамна извои победа, а вие сте тие кои не го практикувате!!!
Преку к… сте ми сите вие смрдливи гниди од кои веќе 36 години не можам да дишам како човек во своја држава, во свој дом. Да, немам ништо заедничко со вас нереализирани души, патетични суштества кои во немоќност да покажете некое свое лично достигнување си присвојувате туѓи, од Александар па се до Мојсеј! А бе од мудата на Букефал сте бре! Од такви гниди со комплекс на ниска вредност, а имаат зошто да се искомплексирани, цел живот ми смрди во Мојата земја. Па како тоа да не беше доволно, се појавија и други гниди кои се повикуваат на делата на Скендербег је…! На Мајка Тереза! А бе каква врска имате со такви големи луѓе бре, ни јазикот не ви е ист затоа што слушате Цеца и секаков турбо фолк! Кај и да се свртам, што и да фатам да работам во оваа држава, гниди од сите страни! Нереализирани, љубоморни бубуљици кои израснуваат таму кај што најмалце треба, во раководни функции, жирија и разни важни за овој народ, функции. Преку к… сте ми, и можете да ми се фатите слободно. За сите има место! Знам дека со ова уште повеќе проблеми и затворени врати и поголеми неправди ќе следат. Јасно ми е тоа, и можеби баш тоа сакам. Затоа што вашата смрдеа ме тера да си барам спас и да отворам прозор кон светот. Да раскрстам скроз и да ме оттерате од овде, зошто домот тешко се напушта! Дајте ми со цела снага. Преку к… сте ми со сите фашистички статуси и кампањи и политики…и вие кои за своите промашени животи ги кривите “другите”, а посебно вие кои заработувате на закрвавени деца и фамилии! Преку к… сте ми и ви објавувам војна! или вас ќе ве снема, па ние нормалните кои имаме и љубов и живот да ги живееме овие преостанати години во убавини и просперитет како цивилизирани луѓе, или ќе си отидеме сите ние па ќе ве оставиме да си се давите во гомната свои, да се испотепате сите па да се вратиме!
Што к.. па јас помислив дека нешто се сменило, и таман таа убава енергија и мир што ги спечалив надвор и дома со мојата љубов, да ја расипам со секакви гниди по жирија, кои ги искажуваат своите фрустрации на мене! Што сум ви јас крив за вашите промашени животи. Не, јас не сум еден од вас! И ви зборам на сите гниди од секоја нација и вероисповест – Да, јас немам ништо заедничко со вас! А имам многу заеднички работи со мнозинството во оваа земја од сите категории и нации и вери што милувате да делите, освен заедничката реа што не труе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


