Во рамките на Саемот на книгата „Книга во секој дом“, во петок, 23 јануари во 12 часот во „Матица ексклузив“ ќе се одржи средба со истакнати македонски автори, уметници и научници: Стефан Влахов Мицов, Димитар Ќорнаков, Гоце Жура и Танас Вражиновски.
Во оваа пригода посетителите на салонот ќе имаат можност да се запознаат и разговараат со нашите истакнати македонски творци, а воедно можат да добијат и посвета од нивните најнови книги: Стефан Влахов Мицов „Држава како се гради и брани“, Димитар Ќорнаков „Соборните храмови во Македонија“, Гоце Жура „Пештерските цркви во Македонија“, Танас Вражиновски „Личности, ликови, настани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.