Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ, кој се наоѓа во бегство, покрена постапка пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за заштита на неговиот имот одземен во Србија, јави Танјуг.
Адвокатот на семејството Кариќ, Милорад Паневиќ, потврдил за весникот „Курир“ дека неговиот клиент ја тужи државата Србија во Стразбур, нагласувајќи дека лично не стои зад тој случај. За тоа е ангажирана меѓународната адвокатска канцеларија „Вајт енд Кејс“.
– Тука нема ништо спорно. Ангажирани се адвокати, кои се занимваат со враќање имот и работат на процент – изјави Паневиќ.
Богољуб Кариќ беше еден од најбогатите луѓе во Србија, а во земјата пред неговото бегство поседуваше вкупно 32 компании. Во февруари 2006 година Кариќ побегна од државата, а во меѓувреме на семејството во Србија му се одземени голем број фирми, згради и друг имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)