Репрезентацијата на Босна и Херцеговина има само теоретски шанси да се пласира во нокаут-фазата по поразот од Тунис со 24-27 во четвртата рунда од натпреварите во групата Б на мундијалот во Катар.
Токму тој пораз може да биде решавачки, а од таборот на БиХ велат дека е апсолутно незаслужен и дека му кумуваа судиите.
– Португалците ни ја зедоа победата насила. Дозволија груба игра на Тунис, а нам ни ги санкционираа и најситните прекршоци. Недостигаше уште да ни дадат некој гол. Вакво судење е срамно за натпреварување од рангот на светско првенство – изјави Иван Карачиќ.
Ракометарите на БиХ со солзи во очите го напуштија теренот, а делумно и самите се винивни бидејќи прокоцкаа предност од два гола, 24-22 на пет минути до крајот на мечот. Тунис направи завршна серија од 5-0 и забележи веројатно и клучна победа за пласман во осминафиналето. Тунижаните треба да освојат еден бод против аутсајдерот Иран за да одат понатаму, без разлика на резултатот од дуелот меѓу БиХ и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.