| четврток, 6 декември 2018 |

Договорено повлекување на тешкото оружје од источна Украина

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер, изјави дека Русија и Украина постигнале договор за постапката за повлекување на тешкото оружје во источна Украина.

Штајнмајер нагласи дека Русија и Украина постигнале согласност тешкото вооружување да биде повлечено 15 километри од демаркационата линија дефинирана со договорот во Минск постигнат во септември минатата година.
­

– Договорот постигнат по преговорите во Берлин доцна вчера претставува напредок – изјави Штајнмајер, но не и скок напред во напорите за постигнување мировен договор за источна Украина.

Штајнмајер пред почетокот на состанокот со рускиот, украинскиот и со францускиот министер за надворешни работи во Берлин изрази надеж дека сите страни ќе преговараат конструктивно за да се постигнат резултати.

Разговорите во Берлин, одржани во владина вила во близина на аеродромот Тегел, се четврти состанок чијшто домаќин е Германија. Киев и Москва заемно се обвинуваат за неуспехот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот, постигнат минатиот септември во Минск. Според процените на ОН, во конфликтот во источна Украина од април минатата година досега загинале вкупно 4.7000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top