
Театар Комедија денеска замина за Подгорица, Црна Гора, каде што гостува со претставата „Чувството на брадата“ од Ксенија Драгунска во режија на Борис Лијешевиќ.
Претставата ќе се одигра во Црногорско народно позориште утре, на 23 јануари во 20 часот. Ова гостување претставува почеток на соработката меѓу двата театри.
Претставата „Чувството на брадата“ ја имаше својата премиера на 21 септември, а на неа присуствуваше и авторката Ксенија Драгунска, која е една од најпоставуваните живи автори на руската драмска сцена.
Оваа меѓународна соработка е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


