| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватот Ивица Обрван е нов селектор на ракометарите

По оставката на Шундовски, РФМ распиша конкурс на кој се пријавија и македонските тренери Ристо Магдинчев, Никола Глигоров и Илија Темелковски. Сите ги исполнувале потребните услови, но изборот паднал на Обрван

Хрватот Ивица Обрван е новиот селектор на македонската машка ракометна репрезентација. Ова е едногласна одлука на денешната втора седница на Упрвниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Обрван доаѓа на селекторското место на Звонко Шундковски, кој поднесе оставка по настапот на најдобрите македонски ракометари на Светското првенство (СП) во Шпанија, на кое Македонија го освои 14. место.
ivica-obrvan-
 По оставката на Шундовски, РФМ распиша конкурс на кој се пријавија и македонските тренери Ристо Магдинчев, Никола Глигоров и Илија Темелковски. Сите ги исполнувале потребните услови, но изборот паднал на Обрван.
Обрван не е прв странец што ќе ги предводи најдобрите македонски ракометари. Досега тоа со помал успех го сториле и Драган Нишевиќ, Драган Ѓукиќ, Зоран Живковиќ, Веселин Вујовиќ… По неуспешната серија странски селектори, РФМ од 2008 година реши да им даде шанса на македонските стратези. По пауза од девет години, најдобрите македонски селектори, под водство на Иле Темелковски како вршител на должност селектор, се пласираа на СП во Хрватска 2009 година, а потоа со Шундковски, во 2012 година, на Европското првенство во Србија го освоија 5. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top