Босна и Херцеговина од имплементацијата на Анексот Ц од Договорот за прашања на сукцесијата на поранешната СФРЈ во 2014 година остварила профит од 5,5 милиони евра, соопшти денеска Советот на министри на БиХ.
Во него се додава дека Советот го задолжил претставникот на БиХ во Заедничкиот комитет на држави сукцесори за Акесот Ц од Договорот за прашања на сукцесијата да ги преземе неопходните чекори за заштита на интересите на БиХ во постапката за стечај над Агенцијата Белградска банка и Југобанка во Њујорк.
За заштита на интересите на БиХ во решавањето на нерешените долгови од поранешна СФРЈ, задолжено е Министерството за финансии и трезорот на БиХ, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.