| четврток, 6 декември 2018 |

Презентација на проектот „Креативен викенд“ во Берлин

По презентациите во Белград, Париз, Уден и Скопје, а пред презентацијата во Мадрид, на 23 јануари во галеријата ПРИМА ЦЕНТАР во Берлин, ќе се одржи годишната презентација на четвртата сезона Креативни викенди кој се одржуваат во селото Лазарополе, чија примарна цел е вмрежување на македонските културни и уметнички сцени. На самиот настан координаторите на проектот Јован Ламбески и Тони Димитров ќе го објаснат концептот на проектот Креативен викенд, а покрај презентација на минатите изданија на проектот и претставување на идеите за следните работилници, публиката ќе има прилика да погледне и фотографии, цртежи, видеа, слики, да чуе поезија, кои произлегоа како резултат на претходните изданија на креативните викенди, воедно и да се запознае со тоа како поминаа презентациите на проектот во Белград, Париз, Уден и Скопје. Главната цел на ова презентација е врежување со интернационални артисти, пред се од Берлин, центарот на современите уметнички текови и најмоќната сцена за уметност во моментов.

IMG_0847-Edit

Покрај презентацијата во галеријата ќе може да се чуе и звукот/звучната инсталација „Страв од музика“ на Тони Димитров, чиј дел е снимен во Лазарополе. Делото поставува едно клучно прашање во современата уметност и ја опсервира релацијата помеѓу уметноста (или она  што го нарекуваме fine art) и/или звукот (звучната уметност). Современата уметност е масовен феномен, меѓутоа, додека пошироката јавност нема проблеми со прифаќањето на авангардната и експерименталната уметност, сепак, постои масовен отпор кон авангардната и експерименталната музика, иако и двете се појавени во исто време и под слични околности – и покрај фактот што музичарите и уметниците прават постојани обиди да се воспостави синестезија помеѓу двата медиуми. Дејвид Стубс тој процес го нарекува „страв од музика“. Делото е претходно поставено во Париз, Уден, Скопје и Виница, а во Берлин ќе биде поставено и продолжението на звукот работен во Уден, Холандија.

1653511_10152557520064915_7381656644152235874_n

Проектот Креативен викенд е серијал работилници наменет за локални артист и млади креативци или уметници, поети или книжевници, звучни уметници или уживатели на визуелното, дизајнери или цртачи, скулптори или вљубеници во изведувачките уметности, теоретичари или едноставно консументи на креативните резултати, кој се заинтересирани за креативноста, уметноста, активизмот и природата, кој се одржува во текот на еден викенд, секој месец, во селото Лазарополе, веќе две години наназад, а проектот веќе ја започнува својата трета сезона. Работилниците се состојат од работни сесии кој вклучуваат краток вовед преку кратки предавања, презентации, дискусии и работни задачи, со кој учесниците прво имаат можност теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и преку практична работа, преку поединечни и групни настапи и сесии на отворен простор и во природа, низ текот на работилницата и практично се запознаваат со концептот на секоја тема/уметност одделно. Целта на се овие работилници е низ современи методи на работа учесниците да имаат можност да се запознаат со најновите текови и достигнувања во соодветната област на обработка, како чекор кон креирање на поцврста уметничка заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина. Резултатите од секоја работилница се архивираат, а потоа се претставуваат на јавноста преку соодветна презентација/концерт/изложба во јавен простор. Проектот е куриран и координиран од Тони Димитров и Јован Ламбевски.

Во прилог ви испраќаме флаер и фотографии за настанот. За дополнителни информации слободно обратете ни се. Би биле благодарни доколку вашиот медиум отстапи простор и објави вест за нашиот настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top