| четврток, 6 декември 2018 |

Кристина Арнаудова подготвена да си замине од Македонија?

Македонската пејачка Кристина Арнаудова, загрижена поради состојбата со загаденоста на воздухот во Скопје, најави драстични мерки ако нешто не се смени во скора иднина. Таа и нејзиниот сопруг Александар се подготвени да заминат од земјава ако проблемот не се реши во најбрз можен рок, пренесува „Вистина.мк“.

– Нас ни е ускратено основното животно право, долго време седиме дома со затворени прозорци, со вклучени апарати за прочистување на воздухот, како во некој хорор филм. Како да му објаснам на детето зошто не смее да излегува надвор? Го дишеме најзагадениот воздух со години, а никој не нуди никакво решение. За разлика од кај нас, во нормалниот свет ѕвездите и познатите луѓе имаат став и го кажуваат јавно. Се борат со својот ангажман за општествено важните прашања. Кај нас снимаме песна, објавуваме спот, се фотографираме, и толку од јавната работа. Лута сум колку јавните личности во Македонија се празни и без став. Дали навистина мислат дека не е нивна обврска да бидат гласноговорници на своите фанови? Дали мислат дека со фотографирањето и пеењето завршува работата на една јавна личност? Живееме во време полно со тешки прашања, молчењето не е знак на интелигенција – вели Кристина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top