Извор: Бука – Сараево
Националната банка на Швајцарија се откажа од правилата на фиксна минимална стапка за франкот во однос на еврото, со што оваа валута драстично скокна. Овој потег на Швајцарија ги разбранува девизните пазари, па се очекува вредноста на еврото нагло да падне. Секако со оваа одлука ќе бидат погодени илјадници граѓани од регионот кои подигнале кредити во франци.
Да потсетиме дека Швајцарската национална банка објасни дека во економски контекст повеќе не е оправдано задржување на еврото од негов пад под швајцарскиот франк од 1,20.
– Минималниот курс на промена е воведен во текот на периодот на исклучителното преценување на швајцарскиот франк и екстремно високото ниво на неизвесноста на финансиските пазари – наведено е во соопштението на оваа банка.
Потенцирано е дека додека франкот се уште има висока вредност, преценувањето во целина е намалено од воведувањето на минималниот курс.
Претседателот на Здружението на корисници на кредити во швајцарски франци УКК Швајцарец, Кемал Дураковиќ за агенцијата Анадолија изјави дека околу 50.000 жители на Босна и Херцеговина непосредно или посредно се погодени од најновиот раст на вредноста на швајцарскиот франк.
– Луѓето се практично во очај и не можат да поверуваат дека се случи ова. Ова за нас беше како атомска бомба. Многу наши членови не можеа да се свестат откако слушнаа што се случи со франкот. Во БиХ имаме 9.802 корисници на кредити во швајцарски франци, од тие 6.100 во Федерацијата, а 3,702 во Република Српска. Практично, со ова се погодени околу 50.000 жители на БиХ – рече Дураковиќ.
Тој наведе дека веќе добил пораки дека некои членови во БиХ, корисници на кредити во швајцарски франци помислуваат дури и на самоубиство. Објаснува дека луѓето едноставно немаат пари да ги вратат кредитите кои практично пораснаа преку ноќ.
Луѓето немаат пари да ги плаќаат кредитите. Замислете, на пример, луѓе кои враќале 1.000 КМ, сега мора да враќаат 2.100 КМ. Луѓе кои враќале кредит девет години, сега мора да вратат на банките повеќе од што земале од банката на почеток. Добив пораки дека некои наши членови помислуваат на самоубиство бидејќи не знаат како понатаму. Во последните три четири години имавме 19 самоубиства на наши членови, корисници на кредити во швајцарски франци – истакна Дураковиќ.
Исто како што вели, од државните власти не очекува некои конкретни мерки, но ги повика сите надлежни структури да преземат се што е во нивна моќ да помогнат на несреќните граѓани.
– Од агенцијата за банкарство на ФБиХ не очекуваме ништо конкретно. Очекуваме дека тие со ова само ќе создаваат дополнителен профит, бидејќи тие се во соработка со банките. До сега имаа многу прилики да ни помогнат, но никогаш не го направиле тоа. Ќе ги контактираме надлежните државни институции. Но, планираме и радикални мерки, едноставно нема да го враќаме кредитот, ќе излеземе на улица и пред Советот на министри. Државата, Советот на министри, Централната банка, мора да реагираат и да ни помогнат – рече претседателот на Здружението на корисници на кредити УКК Швајцарец.
Агенцијата за банкарство на Федерацијата БиХ соопшти дека растот на курсот на франкот ќе има големи негативни ефекти на граѓаните и стопанските субјекти во БиХ.
– Со укинувањето на привремената мерка на Централната банка на Швајцарија, која се однесуваше на ограничување на курсот на швајцарскиот франк во однос на еврото, последните денови доведоа до нагол и исклучително висок раст на курсот на франкот во однос на еврото, а последица на тоа и во однос на конвертибилната марка. Наведениот раст на курсот на швајцарскиот франк ќе има големи негативни ефекти на граѓаните и стопанските субјекти во БиХ, кои имаат кредити со валутна клаузула во швајцарски франци – наведе оваа агенција во своето соопштение.
Тие понатаму наведоа дека вкупниот износ на кредитите со валутна клаузула во швајцарски франци кои ги пласирале банките во Федерацијата БиХ од 30 ноември 2014 година изнесувале 150 милиони КМ и се однесува на една банка со седиште во Ф БиХ.
– Претставниците на Агенцијата за банкарство на ФБиХ стапија во контакт со претставници на банката, со цел да се најде модалитет со кој би се намалило негативното влијание кое го предизвика наглата промена на швајцарскиот франк и кој би ја олеснил состојбата на населението кое има кредити со валутна клаузула во швајцарски франци.
Тие истакнаа дека предвид може да дојде еден модалитет, а тоа е можноста банката на клиентите да понуди конверзија на нивните кредити со валутна клаузула во швајцарски франци во кредити во конвертибилни марки, или во кредити со валутна клаузула во евра, според курсот кој важеше за швајцарскиот франк на денот на укинувањето на привремената мерка на Централната банка на Швајцарија.
Тие додадоа дека Агенцијата за банкарство разгледува и други опции и модалитети, со цел за намалување на наведените негативни ефекти од растот на швајцарскиот франк.
Хрватска
Курсот на швајцарскиот франк во Хрватската народна банка ХНБ во четвртокот порасна во однос на куната за 15,7 отсто, т.е. од 6,39 на 7,39 куни. Со наглиот пораст во изминатите 24 часа, во Хрватска според проценката на Здружението Франк, директно се погодени од 200 до 300 илјади жители. Ратите на кредитите пораснаа на месечно ниво за превисок износ, на некои рата за семеен стан порасна и за 900 куни, т.е. околу 250 КМ.
Здружението Франк упати предупредување до Владата на Хрватска на можност од социјални немири, бидејќи кредити во оваа валута имаат околу 60.000 корисници на кои ратите им пораснаа за преголеми износи.
Денис Смајо, координатор во Здружението Франк, изјави дека на граѓаните кои имаат кредити подигнати во оваа валута ова е неприфатлива состојба.
– Ние всушност зависиме од туѓи и други централни банки, а дека тоа не е Хрватската народна банка. Здружението Франк врз основа на многубројните повици и пораки во текот на последните 24 часа, предупредува на голема можност од социјални немири. Ние тие луѓе нема да ги спречуваме да прават што сакаат, некои дури појдоа кон банките и ќе прават пасивни отпори. Оваа топка ќе ја префрлиме на господин Милановиќ и Вујичиќ. Со предложени мерки нека го спречат овој развој на состојбата – рече Смајо.
Здружението Франк од Владата и од ХНБ бараат привремена мерка на мораториум на курсот која би се однесувала на сите кредити со валутна клаузула во швајцарски франци, а која би дала време да се направат дологорчни законски мерки.
Бараат донесување на законски акти со кои ќе се одреди курсот на конверзијата на швајцарските кредити според почетниот курс, примена на фиксна каматна стапка еднаква на почетната, како што е утврдено во првостепеното решение на Трговскиот суд кој ја донесе пресудата, а во дел во корист на Здружението Франк. Бараат да се забрани гонење на должиците кои имаат кредити во франци, до донесување на одлука на Врховниот суд според ревизијата која оваа година здружението ја поднесе во август 2014 година.
Исто така, бараат враќање на натплатените средства на должниците врз основа на незаконската примена на каматните стапки, чија незаконитост Трговскиот суд ја донесе во пресуда, т.е. банките да се казнат.
Србија
Народната банка на Србија соопшти дека неочекуваната одлука на Централната банка на Швајцарија во тргувањето во четвртокот, доведе до значаен раст на франкот, кои зајакна за 40 отсто во однос на еврото, а нешто подоцна се стабилизира на ниво од 1,03 франци за евро, што претставува јакнење на франкот за околу 15 отсто.
– Настанот не ги заобиколи ни валутите во регионот, со оглед на тоа дека во некои земји значаен дел од кредитното портфолио е деминуван во швајцарски франци, така последните движења повторно го поскапеа сервисирањето на овие кредити од страна на населението и стопанството. Полскиот злот во однос на еврото ослабе за 1,1 отсто, а унгарската форинта за 0,6 отсто, соопштено е од НБС.
– Домашниот девизен пазар не беше значајно разнишан со денешните турбуленции од меѓународното опкружување. Сепак, имајќи ги предвид актуелните движења, Народната банка на Србија и понатаму внимателно ќе ги следи промените на вредноста на најголемите светски валути и ќе се обидува да ги намали прелевањата на негативните последици на домашниот пазар. Исто така, Народната банка очекува дека сите евентуални застои на домашниот девизен пазар во трговијата со швајцарски франци ќе бидат отстранети во што покус рок, т.е. ќе биде обезбедено редовно вршење на сите трансакции. Народната банка на Србија посебно внимателно ќе ги следи последиците од овие промени по стабилноста на финансискиот систем, имајќи ја предвид положбата на корисниците на станбени кредити индексирани во швајцарски франци – соопштено е од кабинетот на гувернерот на Народната банка на Србија.
Здружението на банкарски клиенти Ефектива упати отворен повик до државните органи, НБС и до Здружението на банки, со кое се бара итно одржување на состанок во врска со јакнењето на вредноста на франкот.
– Треба веднаш да се изврши фиксирање на курсот на франкот на вчерашниот ден, на износ од 102 динари за еден франк, за на корисниците да се овозможи од денес во следните денови своите кредити да ги отплаќаат во нормални околности – се наведе во соопштението на Ефектива.
Од ова здружение соопштуваат дека треба веднаш да се почне подготовка на долгорочна стратегија за решавање на проблемот на кредитите во франци. Предлогот на УБК Ефектива е конверзија на овие кредити во ЕВРО кредити, но според курсот, т.е. односот на франкот и еврото кој важеше на денот на исплатата на кредитите, како и понатамошна отплата според услови на Евро кредитите. На тој начин корисниците на швајцарски кредити би се довеле во иста положба со корисниците на евро кредити.
– Да потсетиме дека ратите на кредитите сега се поголеми за околу 20 отсто. Значи, рата од 300 франци вчера била нешто над 30.000 динари, денес таа рата веќе е 36.000 динари. Корисникот кој вчера на банката должел 60.000 франци, што вчера беше околу 50.000 евра, денес на банката должи 60.000 евра – се заклучува во соопштението на Ефектива.
Основен проблем се станбените кредити во франци, потенцираат експертите овие денови; т.е. дали населението ќе може да ги врати кредитите. Прашање е дали банките ќе понудат решение за должниците кои нема да можат да ги враќаат кредитите или тоа ќе го препуштат на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст