Празникот кој за прв пат почна да се одбележува во 1986 година во САД брзо се рашири во другите земји низ светот. Светскиот ден на прегратката стана симбол на добрината, љубовта и надежта.
Целта на овој ден е да им помогне на луѓето да ги изразат емоциите во јавност, а би требало да се прослави со тоа што ќе понудите прегратка кому сакате.
Прегратката, исто како и здравата исхрана и редовното вежбање, го зајакнува имунитетот и го штити организмот од инфекции, тврдат научниците.
Прегратката гради доверба и чувство на сигурност, а ја засилува поврзаноста со личноста која ја прегрнуваме. Освен тоа, се зголемува нивото на хормонот окситоцин, важен за поврзаност, како и серотонин за среќа, а го намалува нивото на кортизол и го отстранува стресот.
Меѓународниот ден на прегратката го прогласил Кевин Заборни, кој се смета за амбасадор на прегратката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.