| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението на судии ги осуди протестите против судските одлуки

advokat sudija sud

Здружението на судии на Република Македонија во денешното соопштение ги осудува протестите против судските одлуки и апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите.

– Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки, без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки можат да се преиспитуваат само во судска инстанција и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки, кои и тие што протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното преиспитување на судската одлука и во судска инстанција – се вели во соопштението.

Од Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и на судските одлуки, особено што ова не е првпат, а Здружението, како што е наведено во соопштението, веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите.

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија денеска одржа седница на која расправаше за протестот одржан пред Апелацискиот суд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top