Претседателот на Основниот Суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски во емисијата „360 степени“ на Алсат М Телевизија објаснува дека Судот во случајот со новинарот Томислав Кежаровски постапувал според законските обврски, а реакциите од медиумите тој ги смета како притисок врз судската власт.
– Слободата на говорот е Шарли и судиите се Шарли, ваквиот начин на дејствување со навреди и повикување на јавен линч за претставници на судската власт и јавен протест против судска власт покажува дека сакате да ја слушнете само вашата вистина. И судиите се Шарли, во изминатиот период беа каменувани им беа упатувани закани им беа палени возила сега јавно се повикува на протест против судот и судиите. Се запрашал ли некој кој да ги заштити тие луѓе кога во извршувањето на својата професија сериозно се нападнати, а треба да судат некој насилник или што нападнал и претепал новинар при извршување на својата новинарска професија, или терорист што одземал повеќе невини животи, рече Панчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст