| четврток, 6 декември 2018 |

Бандити ноќеска ограбиле бензинска во Струга

provala pistol
Две непознати лица, маскирани и вооружни, извршиле разбојништво во бензинска станица во Струга.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, ноќта, околу три часот, две непознати и маскирани лица упаднале во бензинската станица на „Макпетрол“ на улица Пролетарски бригади во Струга.
Разбојниците со оружје им се заканиле на двајцата вработени и зеле 54.000 денари.
Полицијата трага по сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top