| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителот што ја обвини аргентинската претседателка за штитење терористи „не бил убиен“

cristina.jpg_274898881Нема индиции дека станува збор за убиство, гласи соопштението на истражните органи во врска со смртта на аргентинскиот специјален обвинител, кој ја обвини претседателката на Аргентина Кристина Фернандез Кришнер дека ги штити Иранците осомничени за најтешкиот терористички напад во Аргентина, наведува агенцијата „Асошиејтед прес“.

Алберто Нисман беше пронајден мртов во неделата навечер во бањата од својот стан во Буенос Аирес, неколку часа пред да сведочи на сослушувањето во Конгресот за бомбашкиот напад на најголемиот еврејски центар во 1994 година во Аргентина.

Истражната обвинителка Вивијан Фејн изјави дека врз основа на резултатите од обдукцијата, нема индиции дека станува збор за убиство. Секретарот за јавна безбедност Серхио Берни рекол дека врз основа на резултатите „сè укажува на самоубиство“.

Нисман, кој минатата недела ја обвини аргентинската претседателка за прикривање докази во случајот со најсмртоносниот терористички напад во земјата, беше најден мртов во станот, а Израел ги повика властите во Аргентина да ја продолжат неговата работа.

51-годишниот обвинител пред 10 години беше поставен за специјален државен обвинител од страна на сопругата на Кристина Фернандез, тогашниот претседател на Аргентина Нестор Киршнер, за да раководи со истрагата за бомбашкиот напад во кој загинаа 85 лица, а беа ранети повееќе од 200.

Нисман во средата ја обвини претседателката Фернандез дека отворила таен канал кон групата Иранци осомничени дека ја подметнале бомбата со цел да бидат ослободени за Аргентина да може да увезе повеќе од потребната нафта од Иран, која, пак, демантира дека има каква било врска со нападот.

Специјалниот обвинител бил најден со прострелна рана на телото, но обдукцијата покажала дека не станува збор за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top