Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во западните делови ќе има локален слаб дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со слаба магла и со услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со повремен локален снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со повремено умерен интензитет. Поинтензивни врнежи се очекуваат во петок кога на повеќе места ќе бидат пообилни, а температурите ќе бидат во благо опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.