Најмалку две планети поголеми од Земјата се кријат зад планетата Плутон и чекаат да бидат откриени, тврдат научниците по новите анализи на орбитата на „екстремно транс-нептунски објекти“ (ЕТНО).
Истражувачите проучувале 13 ледени ЕТНО тела, како што што е џуџестата планета Седна, која кружи околу Сонцето на голема одалеченост во форма на елипса, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Во теорија, ЕТНО орбитите секогаш имаат одреден сет параметри, но во пракса, ситуацијата е поинкава и затоа е можно во нашиот дел на вселената да има нешто што не е откриено.
– Бројот на објкетите со неочекувани параметри не наведува на тоа да верувам дека некои невидливи сили ја менуваат дистрибуцијата на орбиталните елементи на ЕТНО. Најверојатно објаснувањето е дека постојат и други планети зад Нептун и Плутон – изјави Карлос де ка Фуенте Маркос, водачот на истражувањето од Универзитетот во Мадрид.
Според него, точниот број на пленети е неизвесен.
– Податоците со кои располагаме се ограничени, но нашите пресметки сугерираат дека постојат најмалку две планети, а можеби и повеќе и тоа во границите на нашиот соларен систем – додаде Карлос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.