| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно: Густа магла во Тетово, Крушево и на Пресека

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има во Тетово,  во Крушево и на планинскиот премин Пресека.

Слаб снег паѓа на Попова Шапка и Маврово, но засега не се задржува на коловозот, додека во југозападниот дел од републиката врне дожд.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Деве Баир има зголемена фрекфенција, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top