| четврток, 6 декември 2018 |

Светиот крст во Радика го фати битолчанецот Иванчо Младеновиќ

krst

Голем број верници присуствуваа на чинот на фрлање на осветениот крст во река Радика.

Меѓу стотината млади од подрачјето на Долна Река, Охрид, Битола, Гостивар, Скопје и други градови, кои се фрлија во водите на Радика, најсреќен беше и осветениот краст го фати  битолчанецот Иванчо Младеновиќ.

– На мојата радост и нема крај. Посакувам многу среќа, здравје, благосостојба и мир. Бог нека е со нас, порача Младеновиќ, кого го даруваше локалната власт на општина Маврово Ростуше.

Со верниците, како и изминатите години заедно беше и градоначалникот Мукрем Мехмеди. Фрлањето на крстот беше од Ростушки Мост, а покрај верниците присуствуваа и бигорското братство и рајчкото сестринство заедно со старешината на Бигорскиот манастир, Анхимандрит Партениј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top