Премиерот Никола Груевски, денеска оствари средба со извршниот директор на компанијата Вајбер, Талмон Марко, директорот за технолошки развој на компанијата Вајбер, Игал Магазник и Хирато Шинатро од компанијата за он-лајн трговија Ракутен.
Соговорниците разговараа на повеќе теми од сферата на информатичките технологии, глобалните текови и економските движења, можноста за соработка и бизнис климата која се развива за инвестирање во оваа значајна индустрија.
Соговорниците истакнале дека развојот на информатичките технологии влијае врз севкупниот економски развој на општеството и државата, и е непосредно поврзан со развојот на останатите сфери од индустријата, соопштуваат од владината пи-ар служба.
-Премиерот Никола Груевски ги информираше своите соговорници за досега преземените мерки и реформи кои се во сферата на ИТ секторот, како и инвестициите кои се реализирани во тој правец. Посочи дека се спроведе проектот компјутер за секое дете со што се влијаеше за зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет и подобрување на информатичко-технолошките вештини на учениците. Тој истакна дека Владата организира бесплатни обуки за секој во државата кој сака да користи компјутери и тоа значително влијаеше на зголемување на процентот на информатичката писменост, што пак придонесува за зголемување на компетитивноста на работната сила, се вели во соопштението.
Премиерот истакнал и дека освен тоа што Македонија има факултети за информатички технологии и се вложува за нивно осовременување, се отвори и нов посебен универзитет за информатички технологии во Охрид, Св. Апостол Павле каде наставата се одвива на англиски јазик и има присутни и интернационални професори кои доаѓаат од реномирани универзитети од сферата на информатичките технологии со што се дава дополнителен квалитет во едукацијата.
Паралелно со реформите во економијата, нагласил Груевски, се вложува и во развојот на информатичките технологии во сите сегменти и тоа придонесе за значително зголемување на интернет пенетрацијата која во 2006-та беше 9%, а сега е околу 70%.
-Соговорниците се согласија дека преземените мерки се солидна основа за развој на модерно општество и исполнување на основните претпоставки за економски развој и негово интензивирање. Директорите на компанијата Вајбер Игал Магазник и Талмон Марко, како и Хирато Шинатро од компанијата за он-лајн трговија Ракутен посочија дека се отворени за соработка и размена на искуства. Директорот на компанијата Вајбер Игал Магазник изјави дека нивната глобална компанија го следи напредокот на државата во сферата на информатичките технологии поради што и пројавија интерес за разгледување на различни можности за конкретна соработка, но и понудија поддршка за поврзување со останати глобални компании и корпорации кои се нивни партнери, а се заинтересирани за проширување на своите капацитети на нови пазари, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст