| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на Богојавление – Водици во Велес; крстот го фати 28 годишниот Драган Илков (фото)

DSC_4334

Дваесет и осум годишниот велешанец Драган Илков го фати светиот крст фрлен во водите на Вардар во Велес од Мало Мовче.  На свеченоста по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски, градоначалниот Славчо Чадиев и бројни гости и граѓани на Велес.

Илков, кој првпат се фрла по крстот, посака среќа и благодет за сите православни христијани. – Моментно сум невработен и во 2015 година  очекувам работа, а за себе и сите православни христијани среќа, благодет и здравје, изјави Илков, кому му упатија честитки премиерот Груевски и митрополитот на повардарската епархија Агатангел.
Илков доби подарок од Повардарската епархија, Општина Велес, ЈКП „Дервен“ и други спонзори и од кумовите на годинашната манифестација во Велес. По традиција Драган Илков со своите другари во наредните денови со светиот крст ќе ги посети домовите на православните верници во Велес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top