Во организација на мултимедијалниот центар „Карпино“ денеска во кумановската населба„Карпош“ се одржа традиционалната манифестација „Пивтијада на која беа изложени 500 чинии пивтии. Дел од пивтиите се поделени на риболовното друштво „Пчиња“, а дел утре ќе бидат донирани на други установи.
– Манифестацијата опстојува успешно веќе 13 години во духот на денешниот празник Богојавление-Водици, рече претседателот на здружението Зоран Павловски.
Најдобра пивтија, според стручното жири, подготви Дивна Видановска, избрана од стручно жири, составено од технолог, уметник и готвач.
Долгогодишниот готвач и член на стручното жири, Влајко Петковски вели дека пивтијата треба да биде проѕирна и бистра и оти точно треба да е определен вкусот.
За нов кум на манифестацијата е избран 33 годишниот Христијан Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.