| четврток, 6 декември 2018 |

Обама бара зголемување на даноците за најбогатите

обама

Американскиот претседател Барак Обама сака да ја подигне даночната стапка за најбогатите Американци и големите финансиски компании, за да ја зајакне средната класа.

Предлозите, изнесени на прес-конференција во Белата куќа, веројатно нема да бидат одобрени од Конгресот, што го контролираат републиканците.

Обама ќе ги изнесе предлозите во вторник, за време на годишниот говор.

Американскиот претседател укажува дека сака да обезбеди богатите да го платат својот фер дел од даноците за затворање на дупките во даночниот закон, кои овозможуваат стотици милијарди долари да не одат во даночните фондови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top