| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколецот Александар Мицевски го фати крстот во Дебар

Православните верници во Дебар ја продолжуваат традицијата и за големиот православен празник Богојавление-Водоци. Во црквата „Света Петка“ освен постојаните жители од градот на богослужбата и фрлањето на светиот крст присуствуваа и голем број дебрани кои живеат во други градови во джавава.

Светиот крст во базенот, кој се наоѓа во дворот на црквата го фрли намесникот на дебарската парохија, Благоја Спироски. Меѓу четирите момчиња кои скокнаа по чесниот крст најсреќен беше Александар Мицевски, од Охрид, ученик во средното медицинско училиште, но по потекло од Дебар. Александар по вторпат едноподруго го фаќа осветениот крст.

– Пресреќен сум.Овде го минав детството. Посакувам многу здравје, среќа и  радост за сите, рече Мицевски.

Црковниот одмор за него обезбеди награда, а со пари го даруваа и верниците. Годинешен кум на Водици  беше семејството на Блаже Деолски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top