До Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, премиерот Никола Груевски упати честитка по повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици.
„Прославувањето на оваа света тајна на христијанството е длабоко врежано во вековната православна традиција, во нашето живеење во верата и богоугодниот пат. Токму затоа, секоја година со радост го прославуваме овој голем празник, присетувајќи се на потребата од силна верба и покајание, од чиста мисла и трпение. Денес, прославувајќи го големиот празник да се помолиме за нашите семејства, нашите блиски и нашата држава. Да се помолиме за топлина, надеж и чистина на душата во секој од нас. Нека Бог ги чуе нашите молитви и нека ја благослови нашата земја, водите кои течат низ неа и сите наши граѓани.Ви посакувам бериќетна година исполнета со многу здравје и успех ! “, се вели во честитката на Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии