Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици), в понеделник, ќе има времен собраќаен режим.
Кај мостот „Слобода“ (во близина на хотелот „Холидеј Ин“), во период од 10.30 до 13.30 часот, ќе биде затворенa за сообраќај ул.„Филип Втори Македонски“ и тоа од крстосница со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со бул.„11 Октомври“ и ул.„Даме Груев“.
Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16,17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по бул.„Кочо Рацин“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и во двете насоки. Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.