| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески замрзнат град

Во градот Харбин, во североистиочниот дел на Кина во тек е 31-от Меѓународен фестивал на мраз и снежни склуптури. Фестифалот официјално трае еден месец, но бидејќи температурите во тој град просечно се минус 17 степени Целзиусови, многу скулптури преживуваат многу подолго. Скулптурите се прават или од пресуван снег или од ледени блокови кои се извлекуваат од реката Сонгхуа.

snezen_grad_kina_1_1

Се користи и прочистена вода која потоа замрзнува во блокови проѕирен мраз. Многу склуптури се осветлуваат за дополнителна димензија на изложбата за време на ноќните часови, кои во ова време од годината траат многу долго. Фестивалот почна во 1963 година, но одржуван одвреме навреме заради пресвртот за време на Културолошката револуција. Редовно се одржува од 1985 година.

snezen_grad_kina_3

Фестивалот во 2001 година се спои со Меѓународниот ски фестивал во Хеилонгјианг. Склуптурата која го слави делото на познатиот канадски доктор, Норман Бејтун, која беше изложена во 2007 година е прогласена за најголема замрзната скулптура во светот. Таа ги соодржеше Нијагарините водопади и Беринговиот теснец, беше долга 250 метри и висока 8,5 метри.

snezen_grad_kina_4

Вкупно 13.000 кубни метри снег се искористени за нејзина изградба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top