| четврток, 6 декември 2018 |

Стох триумфираше во Закопане

Полскиот скијач Камил Стох ја забележа својата прва победа во Светскиот куп оваа сезона откако заврши на првата позиција на скокалницата на „домашен терен“ во Закопане, Полска.

Во својот роден град Штох забележа два скока од 134 и 133 метри, што му беа доволни да собере 276,2 поени и да заврши пред австрискиот скијач Штефан Крафт (133 и 133,5 метри) и Зеверин Фројд од Германија.

Со освоеното второ место во Закопане, актуелниот освојувач на „Четирите скокалници“, Крафт ја зголеми предноста во генералниот пласман. Тој има 877 поени, дури 78 повеќе од сонародникот Микаел Хајбек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top