Од 20 јануари редовно продолжува второто полугодие за основците и средношколците од Македонски Брод, информира градоначалникот Милосим Војнески на денешната прес-конференција во локалната самоуправа на која присуствуваа и директорите на основното и средното училиште, на институциите од културата и дел од наставничкиот кадар.
– Се е подготвено за почетокот на второто полугодие во основното училиште „Свети Климент Охридски“ и во средното општинско училиште „Свети Наум Охридски“. Наставничкиот кадар и вработените во институциите од културата на состанокот на основните организации на СОНК одлучија да не го поддржат најавениот генерален штрајк на СОНК. Не сме против барањата на наставниците, но тие може да се решаваат со дијалог, а не на штета на децата – изјави Војнески.
Во Македонски Брод има околу 700 основци и средношколци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.