На состанокот на градоначалникот со директорите и група наставници – членови на Синдикатот за образование, наука и култура при ООУ „Гоце Делчев“ Босилово, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Иловица и ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово и подрачните училишта, е констатирано дека СОНК повикува на генерален штрајк врз основа на неаргументирани барања.
Имено, се наведува, Синдикатот не дава детално и конкретно образложение за оправданоста и реалната остварливост на предлозите. Се потсетува дека според програмата на Владата покачувањето на платите ќе се реализира етапно во претстојните години.
Исто така, беше заклучено дека претседателот на СОНК тоа го прави од личен интерес заради престојниот реизбор.
Поради тоа, наставниците сметаат дека наставата на 20 јануари треба да продолжи нормално и според предвидените планови.
– Сите услови за продолжување на наставата се исполнети и во централните и во подрачните училишта. Градоначалникот на општина Босилово ги извести родителите на учениците и наставниците дека нема да има штрајк и наставата во второто полугодие ќе започне навремено – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.