| четврток, 6 декември 2018 |

Француското Џенереишн радио со емисија посветена за Четкар

четкар

Едно од најпроминентните радија во Франција и Европа, Generations Radio од Париз вечер  ќе презентира музика од македонскиот музичар и композитор Владимир Четкар.

Музичкиот пат и творештвото на Четкар на радиото, кое е посветено за Хип Хоп, Ар Ен Би, Соул и Фанк музика, ќе биде презентирано во 20 часот во рамки на емисијата „Гуд Тајмс“.
 Четкар моментално се наоѓа во Њујорк каде на 31 јануари ќе одржи концерт во светски прочуениот џез-клуб Блу Ноут во Менхетен. Тоа ќе биде негово седмо гостување во престижниот клуб, а ќе се претстави како лидер на бендот, гитарист, вокалист и композитор-аранжер.

Во Блу Ноут, Четкар ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Брајан Лед на електричен бас и Ник Фалк на тапани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top