| четврток, 6 декември 2018 |

Ниските температури ги топат калориите

Ниските температури на воздухот можат да го забрзаат согорувањето на калории во организмот, покажуваат експерименти спроведени врз животни.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија појаснуваат дека студот го зголемува присуството на т.н. кафено масно ткиво во организмот и така го забрзува метаболизмот на мастите, ја поправа толеранцијата на глукоза и ја олеснува контролата на телесната маса.

Според стручното списание „Molecular Cell“, изложеноста на студот била поврзана со зголемување на присуството на протеинот Zfp516.

Zfp516 има клучна улога во формирање на т.н. кафено масно ткиво, а неговата поголема присутност кај тестираните животни била поврзана и со 30 отсто помало зголемување на телесната маса.

Т.н. кафено масно ткиво е вклучено во согорување на калориите во организмот, за разлика од „обичното“, бело масно ткиво, кое служи за потхранување на вишокот калории.

Возразните лица имаат значително помалку кафено масно ткиво отколку бело, а посебно тоа се однесува на лицата со прекумерна тежина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top