| четврток, 6 декември 2018 |

Светските медиуми се посрамотија објавувајќи лажен севернокорејски документарец за пропаста на САД

Севернокорејски пропаганден филм, под името „Како Американците живеат денес“, неделава го сврте светот и стана вистински хит на интернет. Филмот дури беше објавен и на веб-сајтовите на угледните „Телеграф“, „Сан“ и „Вашингтон пост“, за на крајот да се испостави дека станува збор за голема шега зад која стои британскиот патописец Алун Хил.

На видеото е прикажано како Американците се принудени да живеат во ужасни услови – шатори, руинирани домови, прифатни центри…, јадат снег за да преживеат, се дрогираат, купуваат оружје за да се убиваат меѓу себе… Во филмот дури се вели дека во Америка немало птици затоа што сите ги изеле Американците.

Сепак, по една недела се огласи Хил, кој призна дека се шегувал. Тој тврди дека снимката е оригинална и дека ја добил од официјалната новинска агенција на Северна Кореја, но дека гласот што зборува на англиски јазик за пропаста на САД е негов.

Оригиналниот документарец бил снимен на тема „Неуспехот на европските демократии“, во кој се гледаат инсерти од сиромаштија во повеќе европски земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top